Дома Топ вести Се секавате на Кико Македа? Еве каде игра денес!

Се секавате на Кико Македа? Еве каде игра денес!

Федерико Македа, некогаш голема надеж на Манчестер Јунајтед денес го комплетираше трансферот во својот нов клуб, и тоа во втората италијанкса лига.

Веројатно сите се сеќавате на неговото деби од соништата, кога во 2006 година на свои 17 години му донесе победа на Манчестер Јунајтед против Астон Вила во 93-та минута.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македа тогаш експресно се лансираше меѓу ѕвездите, а сите медиуми беа убедени дека тој ќе биде новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед и на светскиот фудбал.

Потоа следуваше негов пад, одеше на позајмици од клуб во клуб, а во 2014 година дефинитивно го напушти Јунајтед и се пресели во Кардиф.

Дури ни таму не успеа да се наметне, беше на позајмица во Нотингем Форест, па од почетокот на сезоната се до денес беше без клуб.

Овој 25-годишен напаѓач денес потпиша за Новара и ќе игра во втората италијанска лига.

15-12makeda2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…