Дома Фудбал Лига на шампиони Се редат лоши вести за Реал: Винисус ги скинал лигаментите на коленото!

Се редат лоши вести за Реал: Винисус ги скинал лигаментите на коленото!

Oва практично значи дека за Бразилецот сезоната е завршена бидејќи нема да има преголема потреба во почетокот на мај да се изложува на дополнителни напори.

Се редат лошите вести за Реал Мадрид. Кога во прашање се трофеите, последната надеж згасна вчера во катастрофалниот пораз од Ајакс на „Бернабеу“, во Ла Лига со оглед на формата и бодовното заостанување никој не им дава шанси, од купот ги елиминира Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес пристигнува лоша вест за суперталентираниот Винисус Жуниор.

Винисус се повреди во вчерашниот натпревар против Ајакс и Солари мораше да го замени Младиот Бразилецот веројатно претпоставуваше за што се работи, па затоа теренот го напушти во солзи.

После прегтледите стигна потврда дека Винисус го очекува пауза од два месеци.

Како што споменавме ова практично значи дека за него сезоната е завршена. На почетокот на мај кога ќе се врати нема да има потреба да биде изложуван на дополни напори.

Против Ајакс Винисус го напушти натпреварот во 35-тата минута над него стартуваше Нусир Мазрауј. Иако стартот не изгледаше така опасен, натпреварот за Винисус заврши во таа минута.

Во тој момент Реал остана без играчот кој создаваше најмногу проблеми во одбраната на Ајакс.

Винисус Жуниор оваа сезона одигра 28 натпревари и постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …