Дома Останати Се раѓа нова ѕвезда: Момче од САД има се за да го наследи Усаин Болт – 100 метри трча за 13.48 секунди! (ВИДЕО)

Се раѓа нова ѕвезда: Момче од САД има се за да го наследи Усаин Болт – 100 метри трча за 13.48 секунди! (ВИДЕО)

Откако Усаин Болт се пензионираше дефинитивно атлетиката повеќе не е иста и светот со нетрпение очекува негова достојна замена и можеби замената веќе е пронајдена.

Седумгодишниот Рудолф Инграм е новата атлетска ѕвезда која се раѓа и која ги има сите предиспозиции да го наследи јамајканскиот спринтер.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Минатата година Инграм истрча 100 метри за 14.59 секунди, а неодамна направи огромен напредок достигнувајќи време од 13.48 секунди, додека 60 метри Инграм истрча за 8.69 секунди.

Инграм не е само талентиран за атлетика ова момче покажа и потенцијал за натпреварување во американски фудбал. Според она што може да се види на видеата Инграм ќе може да избира во што да се натпреварува бидејќи подеднакво добро изгледа и во атлетиката и во американскиот фудбал.

Малиот Инграм неодамна доби и големо признание и тоа не од било кој од кошаркарската супер ѕвезда Леброн Џејмс.

Засега Инграм се натпреварува и во атлетиката и во американскиот фудбал. Со своите седум години освои 36 медали од кои 20 се златни.

Сосема добар учинок покажа и во американскиот фудбал каде што настапува за тимот на Тампа Равенс. Минатата сезона во дресот на Равенс Инграм постигна пет „тачдауна“ на четири натпревари.

 

View this post on Instagram

 

Last Year Playing 7&8 At 6 On 4th Down…This Year Will Be A Movie Practice Starts Monday #GotToFinishStrong #2019

A post shared by Blaze The Great (@blaze_813) on

Меѓутоа како што годините одминуваат веројатно не би можел да биде поделен на два дела и ќе мора да одлучи со што ќе се занимава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…