Дома Останати Кошарка Се „распаѓа“ европската „БАЈКА“: Горан Драгиќ и Игор Кокошков ја напуштаат Словенија

Се „распаѓа“ европската „БАЈКА“: Горан Драгиќ и Игор Кокошков ја напуштаат Словенија

Горан Дракиќ кој беше избран за најкорисен кошаркар на последниот Евробаскет одлучи да се прости од репрезентацијата на Словенија, а истото ќе го направи и селекторот Игор Кокошков.

Откако Словенија ја освои европската титула, Драгиќ денес на конференцијата за медиуми одржана во Љубљана соопшти дека повеќе нема да настапува за националниот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Успеав во тоа што сакав. Ова е најдобар момент да ставам крај на својата приказна во репрезентацијата“, изјави Драгиќ и додаде дека му е жал што поради клупските обврски не ќе може да и помогне на Словенија во квалификациите за Светското првенство Кина.

Драгиќ со ова практично ја предава Словенија во рацете на 18 годишниот Лука Дончиќ, наследникот на легендарниот Дражен Петровиќ, како што го нарече мајката на прерано починатиот кошаркар.

Покрај тоа во текот на денот стигна и информација дека покрај Драгиќ репрезентацијата на напушта и селекторот Игор Кокошков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Официјално: Нагелсман потпиша нов договор

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…