Дома Македонски спорт Се развеа македонското знаме на Хималаите: Ирина и Лазо го освоија „монструмот“- еден од најтешките врвови во светот!

Се развеа македонското знаме на Хималаите: Ирина и Лазо го освоија „монструмот“- еден од најтешките врвови во светот!

Maкедонците Ирина Дишовска и Лазо Миновски направија голем подвиг откако во саботата наутро по локално време го освоија врвот Амам Даблам на Хималаите.

Станува збор за врв кој е висок 6.812 метри и важи за еден од најтешките за освојување, токму поради тоа во светот на алпинистите е познат и како „монструмот од Хималаите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


“Исполнување на сонот. Ама Даблам искачен на 23.10.2021 во 9ч по локално време.
Многу откажувања за овој врв. Фокус на целта, без компромиси. Имав тешки подготовки. Понекогаш и претешки… Последните шест месеци се случуваше да имам по два тренинга на ден, барем три пати неделно. И тоа еден тренинг со Лазо Миновски (верувајте он знае да биде многу строг тренер!) и уште еден со мојот најзгоден персонален тренер Едина Муса .

Тотално излегување од комфорт зона. Луѓето што ме дружеа во овој период веројатно чувствуваа подеми и падови во мојот мајндсет. Легнување пред 22ч, станување пред 6ч наутро. Тренинг утрински, тренинг вечерен, тренинг полноќен. Алкохол нула. Џанк фуд – скоро нула. Дружби со најблиските сѐ поретко. Чекор по чекор градење на беспрекорна психофизичка подготвеност, и сѐ за само една ноќ. Таа ноќ е Summit push.

Стартував на полноќ, и го дадов последниот атом енергија во себе за да се изборам со овој монструм. Ама Даблам е многу повеќе од “хималајски врв”. Тоа е монструм. Тој е позахтевен од повеќето осум илјадарски врвови на Хималаите. Почитуван од цела хималајска фела.

Да се стапне на врвот немам опис за емоциите. Тоа треба да се доживее за да се разбере. Мѐ скрши на пола, но ми дозволи да го допрам со сета своја убавина. Повеќе инфо и видеа ќе следуваат следниве денови.
Благодарам на поддршката. Ми значеше секоја порака“, напиша на својот Фејсбук профил Ирина.

Фото: Ирина Дишовска (Фејсбук)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…