Дома Фудбал Италија Се појавуваат детали: Де Роси прво се договорил да остане во Рома, но потоа го сменил мислењето

Се појавуваат детали: Де Роси прво се договорил да остане во Рома, но потоа го сменил мислењето

Во текот на денот во јавноста се појавија разговори од Даниеле Де Роси и директорот на Рома, Гуида Фиенга од моментот кога Де Роси одлучил да ја прекине соработката.

Веста дека Де Роси на крајот на сезоната ја напушта Рома изненади голем дел од фудбалските фанови. Легендарниот фудбалер си заминува од Рома после 17 години. Таа вест на јавноста и беше соопштена во вторникот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, пред тоа било договорно Де Роси да остане во клубот во кој ја помина целата своја кариера, но еден одговор променил се.

Според содржината на разменетите пораки со Фиенга, Де Роси сакал да потпише договор кој зависи бројот на настапи. За секој одигран натпревар, Де Роси би добивал 100.000 евра и така не би го чинел клубот премногу.

Тоа значи дека доколку од технички или физички причини не одиграл ниту еден натпревар фудбалер на Рома во цела сезона би бил бесплатно.
Фиенга на тоа му одговорил дека сакал да му го предложи истото со додавање дека во договорот би имало некоја фиксна цифра која би се однесувала на платата, но Де Роси не сакал таква ставка.

После тој разговор, Фиенга го контактирал претседателот Џејмс Палота и после 40-тина минути проследил дека одговорот на Палота е позитивен бидејќи бил задоволен од финансиските услови.

Кога Де Роси ја прочитал пораката се налутил затоа што раководството молчело повеќе од една година иако знаеле дека договорот му истекува. Така поради недостаток на комуникација и желба порано да му понудат продолжување на соработката, тој ја одбил понудата која ја добил подоцна.

Според некои информации Де Роси кариерата ќе ја продолжи надвор од Европа. Досега во медиумите се поврзуваше со Бока Јуниорс и Њујорк Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешен фудбалер во Премиер лигата призна дека примил мито во износ од десет милиони евра

Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те призн во случајот со анти…