Дома Фудбал Се појави нов кандидат за тренер на Баерн

Се појави нов кандидат за тренер на Баерн

Иaкo во Шпанија се појавија информации дека Зинедин Зидан е на чекор до тренер на Баерн од следната сезона, Германија го тврди сосема спротивното.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот новинар на Скај, Флоријан Плетенберг, вообичаено еден од посигурните извори кога се во прашање вестите од баварскиот клуб, тврди дека Зидан воопшто не е на списокот на кандидати на Баерн.

Плетенберг додава дека Баерн одлучил да го врати Џулијан Нагелсман назад, но тој одбил и го продолжил договорот со германската репрезентација до Светското првенство во 2026 година. Во Баерн не беа подготвени за таков исход и воопшто не подготвија резервна опција.

Сепак, неколку часа откако објави дека Зидан не е опција, Плетенберг повторно проговори, овој пат за да објави дека Баерн има нов тренерски кандидат. Станува збор за Себастијан Хенес, тренер на Штутгарт и внук на Ули Хенес, еден од челниците на Баерн.

Хенес во досегашната кариера ги водеше јуниорите на баварскиот клуб, во 2019 година седна на резервната клупа и ги предводеше до титулата најдобар третолигаш во Германија. Потоа две години работеше како тренер на Хофенхајм, а во април минатата година го презеде Штутгарт и го извлече од дното на табелата.

Хенес успеа да го задржи Штутгарт во лигата, а оваа сезона го претвори во вистински хит. Моментално се на третото место со 63 бода, исто толку колку и Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…