Дома Фудбал Англија Се појави ново име за наследник на Солскјер: Ако Јунајтед навистина го сака ќе мора да плати 35 милиони евра

Се појави ново име за наследник на Солскјер: Ако Јунајтед навистина го сака ќе мора да плати 35 милиони евра

Oткако Оле Гунар Солскјер по доаѓањето на клупата на Манчестер Јунајтед победи на 14 од 19 натпревари и клубот му даде тригодишен договор.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Норвежанецот на „Олд Трафорд“ во него гледаа како на трајно решение после заминувањето на Жозе Мурињо, но само половина година подоцна се размислува за негова смена. Јунајтед е во очајна форма, не игра во Лигата на шампионите, а од победата над Челзи во првото коло со 4:0 победи само на уште еден натпревар.

Како што пишува „Дејли Мејл“ негова замена би можела да биде Маурисио Покетино за кого Јунајтед беше заинтересиран и претходно, но Аргентинецот одлучи да остане во Тотенхем со кој минатата сезона играше во финалето од Лигата на шампионите. Но, Покетино јавно кажа дека е спремен да го напушти Тотенхем ако пристигне примамлива понуда. Доколку Солскјер добие отказ, што е извесно, Јунајтед би можел да се насочи кон Покетино.

„Одлично ми е во Тотенхем, но во фудбалот најважно е да се победува и да се освојуваат трофеи. Секако дека сум фрустриран што не можеме да се бориме за трофеи секоја сезона“, изјави неодамна Покетино кој во Тотенхем е веќе шест сезони.

Во договорот на Аргентинецот со Тотенхем има откупна клазула од 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…