Дома Македонски спорт Се појави нова шанса Македонија да оди на СП во Египет!

Се појави нова шанса Македонија да оди на СП во Египет!

macedonia

Македонија не доби вајлд карта за настап на СП во Египет, но сега изненадувачки се појави нова шанса нашата селекција да се најде на тој турнир.

Имено, квалификациите во Северна Америка и Карибите кои требаше да се играат во Мексико се откажани, а тие требаше да го дадат 31. учесник на Мундијалот. Турнирот се откажа поради ситуацијата со коронавирусот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова отвори нов момент во целата ситуација и сега не е познато на кого ИХФ ќе го додели тоа место.

Може да се реши таа нова вајлд карта да ја добие некоја селекција од тој дел, но можно е да припадне и на репрезентација од Европа.

Ние се надеваме на второто сценарио затоа што ако се доделува вајлд карта на селекција од Европа ние би биле фаворити откако ја изгубивме трката со Полска и Русија.

Останува да ја чекаме одлуката на ИХФ и да се надеваме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул спреми 120 милиони за ѕвездата на Леверкузен

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Ливерпул, пишуваат ан…