Како што е веќе добро познато, последното 156 дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда беше едно од најкрвавите.
Шестмина Хрвати заврши со повреди, а двајца од нив дури и во болница. Нередите започнаа во 16 минута кога група хулигани на јужната трибина со бакљи тргнаа кон другата група, онаа побројната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По почетното изненадување, следуваше брутален одговор од популарните „Алкатраз“. Напаѓачите беа доближени до оградата на трибината, а потоа започна вистински пекол за нив. Дивјачки беа претепани, некои и избодени, изгорени со бакљи, соблечени до гола кожа и ограбени. Одземени им беа докоменти, часовници, се што имале со нив. Потоа така претепани и понижени беа исфрлени на атлетската стаза каде што ги превзема српската полиција.
По големиот број слики и видеа, се појави и една од внатрешноста на стадионот во Белград, а која ексклузивно ја објави српски „Курир“. Претпеаните хулигани едвај стојат на нозе…