Фудбалската Асоцијација на Англија отвори истрага против Сандро Тонали и Италијанецот би можел да добие нова суспензија поради обложување.
На социјалните мрежи се појави видео од еден сомнителен потег на фудбалерот за врска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тонали во моментов издржува суспензија од десет месеци која му ја изрече Италијанската федерација, меѓутоа во Англија е отворена нова истрага бидејќи постојат сомнежи дека се обложувал и по трансферот во Премиер лигата.
Во видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се види како Тонали добива жолт картон затоа што не сака да излезе од теренот и тоа го прави дури откако судијата му го покажува картонот.
Како што е познато во Англија има поголеми опции за обложување, па така може да се одигра и дека играчот ќе добие жолт картон на натпреварот.
Tonali purposely getting a yellow card…
— george (@StokeyyG2) March 28, 2024
It’s not looking good…👀😳pic.twitter.com/AeLhGwwDRJ