Германскиот напаѓач и поранешен играч на Челзи, Каи Хаверц неодамна потпиша долгорочен договор со Арсенал. Според британските медиуми, трансферот е вреден 75 милиони евра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој 24-годишен фудбалер пристигна во Челзи пред три години од Баер Леверкузен.
Во дресот на Челзи одигра 139 натпревари и постигна 32 гола, од кои најважен беше победничкиот во финалето на Лигата на шампионите во 2021 година против Манчестер Сити.
Фудбалерите на Арсенал во рамките на подготовките одиграа натпревар против Ол-стар тимот од МЛС лигата, а во рамките на тој натпревар имаше различни интересни ситуации на теренот.
Токму Хаверц дојде до израз и за неговите потези ќе се зборува уште долго.
Хаверц имаше предизвик да постигне што повеќе голови од волеј, но од 14 обиди германскиот напаѓач ниту еднаш не ја погоди мрежата.
Is Kai Havertz even a professional footballer? 😂😂😂 pic.twitter.com/mPuWsVPCtz
— Bolu🇳🇬 ➐ (@CFCBolu) July 19, 2023
Kai Havertz channels his inner Timo Werner, scores zero in Cross & Volley Challenge. Might want to look away Arsenal fans. 🔴⚪️ pic.twitter.com/1MxjaleVHX
— Men in Blazers (@MenInBlazers) July 19, 2023