Дома Останати Ракомет Се пензионираше легендарниот Омејер

Се пензионираше легендарниот Омејер

Вчера крај на кариерата објави легендарниот француски голман Тиери Омејер.

Ракометната сезона во Франција заврши вчера, а со неа и кариерата на еден од најголемите голмани во овој спорт.

Омејер на чекор од 43-тиот роден одлучи да оди во заслужена пензија, а зад него остава 20 години успешна кариера.

Освои дури 10 златни медали со репрезентацијата на Франција. Пет пати беше светски шампион, три пати шампион на Европа и два пати олимписки победник. Исто така има и сребро од последниот олимписки игри.

На клупски план четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите (Со Монпеље во 2003 и Кил во 2007, 2010 и 2012).

Дефинитивно Омејер е еден од најголемите кои се појавиле во ракометот.

https://youtu.be/LSoqxOya4zg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…