Осман Дембеле официјално ја известил Барселона дека нема да ја прифати понудата за новиот договор, додека сумата од 55 милиони евра која ја бара Лидс за Рафиња е премногу за Каталонците, така се отвара патот за – Анхел Ди Марија!
Ди Марија многу се поврзуваше со Јувентус, но последните информации се дека преговорите со клубот од Торино не завршиле со договор, па така сега мали се шансите Аргентинецот да потпише за „старата дама“. Веднаш по таквите информации во игра влезе Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Приоритет на Чави во овој преоден рок наводно се Левандовски и Кунде. Левандовски би дошол бесплатно, но платата сигурно нема да му биде мала. Затоа на Барселона со Ди Марија може да добие уште едно одлично засилување бесплатно. Дембеле е на чекор од Челзи, додека во трката за Рафиња се вклучија и Арсенал и Тотенхем, подготвени да ја платат сумата која за Барселона е превисока.
Ди Марија веќе порача дека парите не му се важни и дека сака да заигра за Барселона, без разлика што во минатото го носеше дресот на Реал Мадрид. Ќе потсетиме Ди Марија остана без клуб откако после седум години му заврши договорот со ПСЖ.