Бразилскиот фудбалер, Нејмар веќе неколку недели се наоѓа надвор од терените поради повреда.
Нејмар доби дозвола од клубот да отпатува во Бразил каде што се опоравува од повредата, а според зборовите на Унаи Емери тој ќе се врати на терените за неколку недели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според Емери, опоравувањето на Нејмар оди според планот и тој ќе се врати на тренинзите до крајот на овој месец.
„Разговарам често со Нејмар и се оди според планираното. За две или три недели тој ќе се приклучи на тимот, а на почетокот на мај сигурно ќе биде на теренот. Има голема желба да се врати колку што е можно побрзо со цел да биде во најдобра форма за Мундијалот во Русија“, изјави Емери.