Роберто Фирмино не чувствува никаков притисок да постигнува што повеќе погодоци за да биде блиску до формата на Мохамед Салах, кој е неверојатен оваа сезона.
Египетскиот интернационалец, Салах беше откритие на летниот преоден рок пристигнувајќи од Рома, па така на сите натпреварувања во дресот на Ливерпул постигна 36 погодоци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Самиот Фирмино оваа сезона постигна вкупно 23, иако тој инсистира на тоа дека не е важно кој ќе ди постигнува погодоците, се додека „Црвените“ победуваат.
На прашањето дали чувствува дополнителен притисок како број 9 во Ливерпул во светлоста на ефикасност Салах истакна: „Нема шанси. Имаме добра хемија овде во Ливерпул. Многумина зборуваат за силата на нашиот напад, кој исто така го има и Мане, но вистина е дека ние имаме исклучително квалитетна и урамнотежена екипа поради која е разноврсен и нападот. Мораме да мислиме колективно, што повеќе играчи постигнуваат погодоци, толку е подобро. Ливерпул е оној кој победува во таква ситуација“.
Фирмино и Салах му помогнаа на тимот на Клоп да биде меѓу првите три екипи оваа сезона, а посебно интересно ќе биде во април, со оглед на тоа дека Ливерпул го очекува двомечот со лидерот во Англија, Манчестер Сити.
„Ги преживувам најубавите моменти во кариерата, а на тоа допринесува добрата форма на мојата екипа. Екипата е сложна, се добро се вклопува, Клоп е фантастичен тактичар и тренер. Манчестер Сити има опасен состав, токму како и ние. Тоа се две екипи кои досега постигнаа најмногу погодоци во Премиер лигата, а Сити освен тоа победи на дури 26 од 30 натпревари, со што остави длабока трага. Играчите се распоредени на теренот. Сити, покрај Ливерпул, изграден е на сликата на својот тренер. Пеп Гвардиола имаше големи судири со Клоп во германскиот фудбал, добро се познаваат, тоа ќе биде интересен двомеч“.