Дома Трансфер зона Се огласи спортскиот директор на Ајакс: Познато што се чека за трансферот на Де Лихт

Се огласи спортскиот директор на Ајакс: Познато што се чека за трансферот на Де Лихт

Матијас Де Лихт повеќе нема да биде фудбалер на Ајакс и тоа го потврди директор на клубот од Амстердам, Марк Овермарс.

Најбараниот млад играч во овој момент и досегашен капитен на Ајакс во наредните денови, а можби и часови ќе стане фудбалер на Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во трката за капитенот на холандскиот тим прв низ целта помина Јувентус пред Барселона и Пари Сен Жермен.

Преговорите помеѓу Ајакс и Јувентус траеле долго време и посредувал Мино Раиола, контроверзниот застапник кој одлично ќе заработи овој трансфер.

Стоперот кој допрва ќе наполни 20 години не сметајќи ги бонусите Јувентус ќе го чини 70 милиони евра и во договорот ќе има вметнатно и откупна клазула.

За реализација на трансферот се чека само уште една „ситница“ и тоа го потврди директорот на Ајакс, Марк Овермарс.

„Трансферот на Де Лихт во Јувентус е во самата завршница. Потребни ни се само банкарски гаранции и трансферот ќе биде потврдени. Аајск е строг по тоа прашање. Се надевам дека ситуацијата ќе се реши што побрзо“, изјави Овермарс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…