Дома Фудбал Лига на шампиони Се огласи самиот Марсело: Нема да лажам, беше пенал

Се огласи самиот Марсело: Нема да лажам, беше пенал

По натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид повторно има за што да се зборува, овој пат за недосуден пенал во корист на Германците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се играше судиското продолжение од првата минута кога топката по едно нафрлување го погоди Марсело во раката, но судијата Чунејт Чакир не се огласи и не покажа на белата точка.

По натпреварот со своја изјава во јавноста излезе и самиот Марсело кој потврди дека топката го удрила во раката.

„Играв со рака, тоа беше пенал. Доколку кажам дека не е така би излажал, таков е фудбалот“, изјави Марсело.

Иначе, Реал Мадрид после ремито 2:2 обезбеди пласман во финалето во Киев откако во Минхен славеше со 1:2. Противникот „кралевите“ ќе го дознаат по вечерашниот помеѓу Рома и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…