Дома Фудбал Се огласи Роналдо: Сега не е моментот за нов договор!

Се огласи Роналдо: Сега не е моментот за нов договор!

Налутениот Кристиано Роналдо не сака да слушне за нов договор со Реал Мадрид во овој момент, тврди „Марка“ во денешното издание.

„Сега не е најдобриот момент за тоа“, бил одговорот на Роналдо.

Неговиот договор со Реал Мадрид истекува во 2021 година и беше обновен пред 14 месеци. Меѓутоа, неубедливите резултати оваа сезона ја влошија атмосферата во тимот и логично носителот на „Златна топка“ сноси наголеми критики.

Изминатите денови медиумите се полни со написи дека Роналдо не е среќен од фактот што заработува помалку од Меси, а некои медиуми тврдеа дека Перез е спремен и да го продаде.

Во однос на тоа Роналдо се уште не излезе со официјален став и изјава, со што додатно ги подгреа шпекулациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гласна порака од легендата: Укинете го ВАР во Премиер лигата!

Питер Шмајхел, легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, беше крајно разочаран од вчерашн…