Дома Топ вести Се огласи Перез: Модриќ може да замине само…

Се огласи Перез: Модриќ може да замине само…

Лука Модриќ последните неколку дена е во центарот на вниманието поради неговиот евентуален трансфер во Интер.

Италијанските медиуми се сигурни дека Хрватот сака да го напушти Реал Мадрид и дека веќе започнал преговори со „нероаѕурите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ следната недела ќе има состанок со Флорентино Перез на кој наводно сака да го замоли да му дозволи трансфер во Милано.

Поради тоа денес јавно се огласи претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез и ги разочара навивачите на Интер.

„Модриќ може да замине само доколку некој плати 750 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во договорот“, истакна Перез.

„Марка“ која е блиска до Реал Мадрид исто така потврди дека европскиот шампион нема никаква намера да се раздели со Хрватот ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…