Дома Трансфер зона Се огласи Малком: Дали останува во Барселона?

Се огласи Малком: Дали останува во Барселона?

Малком ова лето пристигна како големо засилување во Барселона, но не добива голема минутажа, па медиумите најавија брза разделба уште во зимскиот преоден рок.

Малком со солзи во очите го прослави својот прв официјален гол во дресот на Барселона против Интер, а потоа му испрати јасна порака на тренерот Валверде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Валверде ми вели дека морам да се подобрам на дефанзивен план. Морам да се подобрам во тоа што се бара од мене. Тренерот има свое мислење и мора да имам трпение. Мислам дека напорната работа и беспоштедната борба ќе ми донесат голем успех во Барселона“, истакна Малком.

„Мојот сон почнува, мојот сон е да креира историја и да правам големи работи. Сакам да играм повеќе, тренирам напорно секој ден и се обидувам да докажам дека имам квалитети за овој тим. Но, ништо и досега не беше лесно во мојот живот. Нема да си одам од Барселона, мојот план е да бидам стартер“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ја сака отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во  трката за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица…