Дома Трансфер зона Се огласи Лаутаро Мартинез и ги разочара „нероаѕурите“: Не постои никаков договор со Интер!

Се огласи Лаутаро Мартинез и ги разочара „нероаѕурите“: Не постои никаков договор со Интер!

martinez

Кога преодниот рок заврши навивачите на Интер имаа оправдани причини да бидат незадоволни, а сега добиваат нов повод за такво нешто.

Само да потсетиме со Интер се поврзуваа: Пасторе, Де Фрај, Рамиреш, Стариџ, Михтаријан, Делофеу…На крајот пристигнаа само Лисадро Лопез и Рафиња Алкантара.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На многумина им беше јасно дека проблем прави долгот од скоро 70 милиони евра во склад со Финансискиот фер-плеј и дека поради тоа практично на располагање Интер немаше ниту едно евро. Иако од клубот никој официјално не се огласи, од канцалриите на одговорните луѓе на „нероаѕурите“ стигнуваа убедувања дека составот ќе биде освежен и ќе започнат реконструкција.

Неодамна се пишуваше дека спортскиот директор на Расинг и поранешниот фудбалер на Интер Диего Милито постигнал договор со „нероаѕурите“ за трансфер на Лаутаро Мартинез за сума од 20.3 милиони евра, но изгледа дека реалност е поинаква и следи ново разочарување за навивачите на италијанскиот клуб.

Имено, Мартинез во разговор за локалните медиуми изјавил дека не постои никаков договор со Интер.

„Никаков трансфер со Интер не е договорен. Постои понуда, имаше состаноци, но тоа е тоа. Јас сум играч на Расинг и правам се за доброто на клубот. Се ќе биде јасно кога ќе дојде време и ќе бидете известени доколку има нешто конкретно. До сега нема никаков договор“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…