Дома Фудбал Се огласи и УЕФА: Која ли е вистината за падот на Серхио Рамос на допинг тестирањето?!

Се огласи и УЕФА: Која ли е вистината за падот на Серхио Рамос на допинг тестирањето?!

Фудбал Ликс ја потресе фудбалската јавност со објавата дека Серхио Рамос паднал на допинг контролата по мечот од финалето во Лигата на шампионите од 2017. година, против Јувентус.

Во финалето од ЛШ во 2017. година, Реал Мадрид го совлада Јувентус ос 4:1 и стигна до втората во низа титула. Според пишувањата на Фудбал Ликс, по тој меч неколку играчи биле на допинг тестирање, а еден од нив бил и Серхио Рамос.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тие тврдат дека Рамос паднал на допинг, но дека е одлучено тоа да се сокрие. Но, Реал Мадрид веднаш се огласи и ги отфрли овие обвиненија, и порачаа дека Рамос никогаш не прекршил никакви правила околу допингот. Денес се огласи и УЕФА која исто така застана во одбрана на капитенот на „Кралевите“.

„УЕФА ги отфрла сите неосновани обвиненија кои се однесуваат на Серхио Рамос и неговиот резултат на допинг тестирањето. Таа контрола е направена според сите правила на УЕФА. Во случајот со Серхио Рамос никој не поднесе никаква жалба бидејќи немаше причина за тоа. WADA потврди дека УЕФА ја направила контролата според сите правила“, порачаа од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…