Египќанецот е тажен што стигна во Барселона каде што со докторите на Ливерпул и Египет закрепнува од повредата на рамото заработена во финалето од Лигата на шампионите.
Проценките на лекарите е дека ќе отсуствува три до четири недели, што ги разочара „Фараоните“, но и сите кои го сакаат Салах, тоа би можело лесно да значи дека ќе биде подготвен дури за третиот меч во групата против Саудиска Арабија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, сликата го обиколи светот, а истата доаѓа од охрабрувачкиот подвиг на Салах од теретаната.
Салах ја постави сликата со коментар „Добри емоции“ во која се гледа дека работи на оптеретеното лево рамо што секако е добар знак.
Во Египет завладеа еуфирија и натаму веруваат дека ќе биде подготвен за старт на Мундијалот и судир со Уругвајците. Египет е во групата А заедно со Русија, Уругвај и Саудиска Арабија.
Good feelings… pic.twitter.com/Jhyd2kYVKI
— Mohamed Salah (@MoSalah) June 3, 2018