Дома Фудбал Се огласи Депај: Време е да преземам контрола над својата кариера

Се огласи Депај: Време е да преземам контрола над својата кариера

Напаѓачот и најдобар играч на Лион Мемфис Депај се огласи преку друштвените мрежи и порача дека за него сега е вистински момент да ја донесе најважната одлука во кариерата.

Од поодамна се знае дека Депај е голема желба на Барселона, но работите би можеле да се променат ако Роналд Куман добие отказ, а такво нешто шпанските медиуми и најавуваат.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Наводно Депај го делат само детали од конечен договор со Барселона, па можеби тоа се однесува на делот дека ќе искористи и помош од адвокати.

„Време да преземам контрола над својата кариера. Дојдов до точка кога морам да донесам важни одлуки за својат акариера, одлучив да преговарам за моите идни чекори заедно со луѓето од доверба, но и со помош од правни експерти. Одлуката за својата дестинација ќе ја донесеам сам. На време ќе дознаете се“, напиша Депај.

Истовремено се огласи и трансфер гуруто Фабрицио Романо кој тврди дека преговара со Барселона и дека конечната одлука наскоро ќе биде познато. Во овој момент изгледа дека нема препреки и покрај фактот што Куман веројатно ќе замине.

Депај за Барселона изгелда како добра прилика затоа што е во најдобрите години и може да ги покрива сите позиции во нападот, а на сето тоа и би бил бесплатен.

Сезонава тој е најдобар играч на Лион со 20 голови и 10 асистенции. Вкупно за францускиот клуб одигра 177 натпревари, постигна 76 голови и додаде 53 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…