Дома Македонски спорт Мак фудбал Се најавува ли дека историскиот меч со Косово ќе помине без публика?

Се најавува ли дека историскиот меч со Косово ќе помине без публика?

Веќе добро познато е дека ширум Европа и светот коронавирусот прави големи проблеми на спортските настани, може ли да направи и на историскиот натпревар против Косово кој Македонија ќе го игра дома на 26. март?

Од ден во ден бројката на заболени расте, тоа го потврди министерот за здравство Венко Филипче. Денес и кај нас се појавија уште два сомнителни случаи на овој вирус кои престојувале во хотел во Скопје и сега целиот хотел е ставен во карантин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради ваквата ситуација Филипче истакна предлог до Владата да нема јавни собири до 13.март, а спортските настани во тој период да се играат без гледачи

„Мерката се должи на фактот дека бројката на заразени со коронавирус се зголемува, и според последните податоци од Светската здравствена организација, во Европа стигна до 4.250, што е за илјада повеќе од вчера. Трансмисијата е локална, во нашиот регион има еден случај во Словенија, и два во Република Српска“, изјави Филипче.

Кога ситуацијата ќе се погледне тешко е да се верува дека работите можат многу да се променат во рок од две недали, барем во овој момент не изгледа така, посебно што за натпреварот со Косово се очекува стадионот да биде полн, а продажбата на билети веќе на големо е започната. Тоа би бил собир на кој би се собрале околу 40.000 луѓе.

Одложувањето не е опција и поради тоа не е невозможно овој исторски натпревар за Македонија да биде одигран без публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…