Дома Фудбал Репрезентации Се изедначи со легендарниот Пеле, па стави крај на репрезентативната кариера

Се изедначи со легендарниот Пеле, па стави крај на репрезентативната кариера

Еден од најпознатите австралиски фудбалери, Тим Кејхил одлучи на 38 години да се прости од репрезентацијата.

„Денес и официјално објавувам дека ставам крај на мојата репрезентативна кариера во дресот на Австралија. Невозможно е да опишам колку многу ми значеше тоа што ја претставував оваа земја. Должам огромна благодарност на сите за поддршката која ја добивав во текот на сите овие години“, порача Кејхил.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Австралискиот напаѓач неодамна на Мундијалот во Русија го запиша своето име во историјата бидејќи по четврти пат во низа запиша настап на најголемото спортско случување, со што му се приклучи на легендарниот Пеле.

Кејхил во својата кариера го носеше дресот на Евертон, Њујорк РБ, Шангај Шенуоха, Хангжу и Мелбурн Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Панчев: Лицемерството на Западот ѝ пресуди на Црвена звезда

Легендата на Црвена звезда, Дарко Панчев е огорчен по поразот на црвено-белите од Милан (1…