Дома Фудбал Останато Се за Златан: Стигна понуда каква до сега не беше видена!

Се за Златан: Стигна понуда каква до сега не беше видена!

Изминатите денови во Ростов пристигна понуда каква веројатно никогаш до сега не беше видена, а се однесува на Златан Ибрахимовиќ.

Имено, Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Ростов следната недела во Лига Европа, а на адреса на рускиот клуб пристигнала понуда од 179.000 руски рубљи (околу 3.000 евра) од непознат човек за неговиот син да излезе на терен заедно со Ибрахимовиќ.

„Вчера ни се јави анонимец и ни понуди 179.000 рубљи за неговиот син да излезе на терен со Ибрахимовиќ. Неверојатно на што се се спремни денес луѓето“, известија од клубот.

Не е познато дали челните луѓе на Ростов ја прифатиле понудата, но судејќи по нивната реакција, најверојатно не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Седлоски ги собра фубдалерите, почнуваат подготовките за Лигата на Нации (Фото)

Фудбалерите денеска официјално ги започнуваат подготовките за новиот репрезентативен прозо…