Дома Трансфер зона Се заврши уште пред да почне: Експресна „корпа“ од Годин до Јунајтед!

Се заврши уште пред да почне: Експресна „корпа“ од Годин до Јунајтед!

godin

Не помина ниту еден час од моментот кога „Скај Спорт“ ја објави веста за Диего Годин, а веќе добивме експресен одговор од Мадрид.

Диего Годин го одби Манчестер Јунајтед и платата која му била понудена во износ од девет милиони евра годишно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Целата приказана траеше таман толку колку навивачите на Јунајтед да се понадеваат, посебно што се работеше за супер квалитетен стопер кој може да го добијат по цена од 20 милиони евра, толку изнесуваше неговата откупна клазула.

Меѓутоа одговорот на Годин на нивна жалост беше негативен.

Мурињо утрово изјави дека колку што тој знае, нови засилувања нема да има и се изгледа ќе остане на тоа.

Се заврши практично уште пред да почне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…