Дома Фудбал Англија Се е спремно за славје на „Енфилд“: На повидок четири важни потписи!

Се е спремно за славје на „Енфилд“: На повидок четири важни потписи!

Ливерпул има одличен тим. Минатата сезона ја освоија Лигата на шампиони, а моментално се лидери во Премиерлигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул ова лето не беше многу активен на трансфер пазарот, го зачува костурот на тимот, а според англиските медиуми приоритет на клубот во наредниот период ќе биде продолжување на соработката со четворица важни фудбалери.

Преговорите со Вирџил ван Дајк, еден од најдобрите дефанзивци во светот, се веќе во тек и се очекува новиот договор да биде официјализиран наскоро.

Следен на ред ќе биде неговиот партнер во одбраната Жоел Матип, а потоа двајца многу важни играчи од средниот ред – Вајналдум и Милнер.

Мохамед Салах, Садио Мане и Фирмињо неодамна ставија потписи на долгорочни договори, што значи дека Клоп нема намера да прави големи промени во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите не очекуваа вакво нешто, Гордон ги воодушеви уште на претставувањето!

Антони Гордон го официјализираше договорот со Барселона во петокот навечер. Зошто проблемо…