Дома Фудбал Италија Се е спремно за потпис: Донарума останува верен на Милан

Се е спремно за потпис: Донарума останува верен на Милан

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а двете страни се блиску до договор.

Донарума наскоро ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност кон „росонерите“ до 2025 година. Голманот годишно ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

21-годишниот голман веќе запиша 200 настапи во дресот на Милан, а синоќа ја носеше и капитенската трака на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…