Дома Трансфер зона Се е завршено: Дибала го избрал Интер, за помала плата од понудата на Јувентус!

Се е завршено: Дибала го избрал Интер, за помала плата од понудата на Јувентус!

Kaко што стојат работите се е завршено, Паоло Дибала после серијата разговори меѓу неговиот менаџер и Бепе Марота ја прифатил понудата на „нероаѕурите“.

Медиумите пренесуваат дека Дибала ја прифатил понудата на Интер која интересно била помала од онаа на Јувентус, но со подолг договор. Аргентинецот наводно во Интер ќе заработува седум милиони евра (шест фиксни + еден преку бонуси) по сезона за договор до 2026 година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Се е договорено и остануваат само детали и ова сигурно ќе биде големо разочарување за навивачите на Јувентус. Дибала така еден од најомилените играчи сигурно ќе биде сметан за „предавник“, а неговите солзи на последниот меч за Јувентус сега на никого нема ништо да значат.

Медиумите во Италија по овој договор потсетуваат на зборовите на Паваел Недвед кој бил повикан од Мурињо во Интер – поважно е да останеш идол на навивачите на еден голем клуб отколку да освојуваш повеќе трофеи во кариерата.

Недвед во овој момент е претседател на клубот и тој беше еден од оние кои инсистираа Дибала да не ги добие бараните 10 милиони евра по сезона поради малиот број натпревар и честите повреди.

Со трансферот во Интер Дибала ја „изневери“ и верноста на клубот кој му ја даде „десетката“ која наскоро во Торино може да ја облече неговиот добар пријател, Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …