Дома Трансфер зона Се е договорено: Познат новиот клуб на Арјен Робен!

Се е договорено: Познат новиот клуб на Арјен Робен!

Германските медиуми пред неколку дена објавија дека Арејн Робен на крајот од сезоната нема да се врати во Холандија како што се шпекулираше туку дека кариерата ќе ја продолжи во Соединетите Американски Држави.

Робен пред неколу месеци објави дека на крајот на оваа сезона ќе го напушти Баерн како слободен играч бидејќи му истекува договорот со германскиот шампион.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На почетокот се шпекулираше дека ќе се врати во Холандија и дека таму ќе ја заврши кариерата, но од тоа нема да има ништо. Холанѓанецот на лето ќе се пресели во МЛС лигата каде што ќе одигра најмалку уште една сезона.

Медиумите објавија дека веќе неколку дена се знае дека Робен оди во САД, но не беше познато во кој клуб. Но, денес таа мистерија е решена и е потврдено дека се работи за тимот на Торонто.

Преговорите наводно веќе се завршен и според информациите се е договорено и холандскиот играч се согласил на условите кои му ги понудил Торонто.

Овој холандски ветеран кариерата ја започна во Гронинген каде што настапуваше две сезони (2002-2002), потоа следуваше трансфер во ПСВ клуб каде што исто така се задржа две сезони (2002-2004). ПСВ беше и неговиот последен клуб во Холандија, во 2004 година направи трансфер во Премиер лигата во Челзи и за „сините“ осигра три сезони (2004-2007) за потоа да премине во Реал Мадрид од каде што во 2009 година пристигна во Минхен.

Дресот на репрезентацијата на Холандија го носеше од 2003 до 2017 година и во тој период настапи на 96 натпревари и постигна 37 погодоци.

https://www.youtube.com/watch?v=AgfX2fHK6r0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…