Дома Фудбал Италија Се е договорено: Манџукиќ го потпишува последниот договор во кариерата!

Се е договорено: Манџукиќ го потпишува последниот договор во кариерата!

mario

Марио Манџукиќ се договори за продолжување на соработката со Јувентус до 2021 година.

Фабрицио Романо кој важи за доверлив новинар на „Скај Спорт“ го објави следното:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марио Манџукиќ потпишува нов договор со Јувентус до 2021 година. Сите детали се договорени“, стои во неговата објава.

Со оглед дека по завршувањето на тој договор Манџукиќ ќе има 36 години ова ќе биде неговиот последен договор во кариерата.

Веќе подолго време италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус и Манџукиќ постигнал договор. Актуелниот му истекува во летото 2020 година. Во овој момент тој заработува 3.5 милиони евра по сезона.

Според новиот договор Манџукиќ ќе добие значително покачување. Како што гласат информациите после потписот Хрватот ќе заработува пет милиони евра, плус бонуси.

Манџукиќ во Јувентус дојде во летото 2015 година за сума од 21 милион евра од редовите на Атлетико Мадрид.

За нешто помалку од четири години колку што е во Торино, Манџукиќ за Јувентус одигра 158 натпревари, постигна 43 гола и намести 23.

Но, значењето на Манџукиќ за Јувентус не може ниту приближно да се искаже со бројките во наведените категории со кои најчесто се оценуваат напаѓачите. Соиграчите, тренерот и навивачите го обожаваат поради неговата пожртвуваност, несебичност и жртвата која ја дава за тимот како најдобар „дефанзивец“ помеѓу напаѓачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…