Дома Топ вести Се е во знакот на „Ел Класико“: Шпанските медиуми ги открија почетните состави на Барса и Реал

Се е во знакот на „Ел Класико“: Шпанските медиуми ги открија почетните состави на Барса и Реал

Фудбалерите на Барселона денеска на свој терен го пречекуваат Реал Мадрид во големото дерби на седмото коло во Ла Лига.

Ел Класико сигурно е еден од најголемите натпревари на светот и јасно е дека денеска на Камп Ноу не очекуваат многу возбудувања.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сепак, јасно е дека Барса и Реал не се толку доминантни како претходните години, односно двата клуба во Ел Класико влегуваат после неочекуваите порази против Гетафе, односно Кадиз.

Исто така, шпанските медиуми пишуваат дека во случај на пораз Зинедин Зидан може да добие отказ и поради тоа овој натпревар за него е со посебно значење.

Натпреварот на Камп Ноу се игра од 16 часот, а каталонски Спорт ги објави веројатно почетните состави.

Барселона: Нето, Дест, Пике, Ленгле, Алба, Бускетс, Де Јонг, Кутињо, Гризман, Фати, Меси.

Реал Мадрид: Куртоа, Начо, Варан, Рамос, Менди, Касемиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Винисиус, Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скандал во Лигата на шампионите: Мбапе по натпреварот со Барса предизвикал тепачка во која учествувале 60 луѓе

Пари Сен Жермен во вторникот ја елиминираше Барселона откако во реваншот го победи каталон…