Еден од најдобрите голмани на светот бил многу блиску до потпис со Интер.
После репрезентативната пауза играчите се вратија во своите клубови, а овој викенд ни го носи и градското дерби помеѓи Интер и Милан. Двете екипи во овој натпревар влегуваат во солидна форма, а Чиро Аморе откри нешто кое е интересно за јавноста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чиро Аморе е претседател на младинските категории на Наполи, а тој за „Ла Газета“ изјави дека Џанлуиџи Донарума на 14 години бил многу блиску до трансфер во Интер.
„Ние се соговоривме во врска со неговиот трансфер во младинската школа на Интер. Претставниците на Интер пристигнаа на преговори со мене и со неговиот татко. На крајот сите заедно заминавме тој да потпише договор. Тие дури и го избраа училиштето во кое ќе оди Донарума. Се беше договорено, а потоа Милан се вклучи во трката и беа многу побрзи, тука беше и Раиола. Енцо му кажа на Галијани дека не смее да ја пропушти оваа прилика. Неколку часа потоа Донарума стана дел од Милан“, изјави Аморе.
Донарума во Милан пристигна во 2013 година за сума од 250.000 евра, а за првиот тим дебитираше во 2015 година на само 16 години.
Денес тој израсна во фантастичен голман и зад себе веќе има 10 настапи за репрезентацијата на Италија.
https://www.youtube.com/watch?v=LAbjoi92zaQ