Фудбалската Федерација на Македонија денес и официјално го претстави Благоја Милевски за нов селектор на А селекцијата.
На претставувањето присуствуваше и првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини. Поради притисокот од Грција кој е константен претседателот Сејдини доби прашање за промената на името на ФФМ на што притискаат Грците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Досега Сејдини не попушташе на притисок, но како што вели тоа не е во негови раце и за тоа одлучува собранието.
„Јас не сум го дал името на ФФМ, па не можам ниту да го сменам. Единствено такво нешто може да направи само собранието. Јас ќе стојам доследен на мојот став“, изјави Сејдини.