Дома Фудбал Останато Сестрата на Роналдо до Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и неблагодарни!

Сестрата на Роналдо до Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и неблагодарни!

Кристијано Роналдо не игра во најдобра форма, а тоа можеше да се забележи и во натпреварот против Шпанија кој Шпанците го добија со 0:1.

По овој натпревар сонародниците на Роналдо испраќаа критики кон него, дури голем дел од медиумите пишуваа и дека Роналдо не треба да ги започнува натпреварите од првата минута.

На ваквите пишувања реакција имаше сестрата на Роналдо, Катја Авеиро.

„Португалците плукаат од чинијата во која јадат. Ги боли тоа што некој почнал од ништо. Тие се болни, бездушни, глупави и неблагодарни“, гласи пораката на сестрата на фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Ова не е првпат неговата сестра да се огласува во јавноста, често пати таа знае да застане во одбрана на својот брат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Херојот од Мундијалот жали поради славата: Би го избрал стариот живот

Возинха, 40-годишниот голман на Зеленортските Острови и еден од хероите на последното Свет…