Дома Фудбал Серхио Рамос разочаран од потегот на Реал Мадрид

Серхио Рамос разочаран од потегот на Реал Мадрид

Серхио Рамос без дилема е еден од најдобрите дефанзивци во светот, веќе 15 години е дел од Реал Мадрид каде стекна легендарен статус.

Рамос неколку сезони е капитен на „кралевите“ и е вистински лидер на теренот. Сепак, јасно е дека тој веќе полека влегува во финишот на својата кариера затоа што неодамна го прослави својот 34 роденден.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој има уште една година од договорот со Реал и побара истиот да му биде продолжен бидејќи смета дека уште неколку сезони може да игра на врвно ниво.

„Марка“ пренесува дека Реал му понудил продолжување на договорот само на една година, односно до 2022 година, а таквиот потег го разочарал Серхио Рамос.

Тој очекувал дека договорот ќе биде продолжен до летото 2023 година со оглед на улогата што ја има на теренот и во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…