Серхио Рамос е во последната година од неговиот договор со Реал Мадрид, а засега не е познато дали ќе ја продолжи соработката со „кралскиот“ клуб.
Преговорите започнаа, но не одат во вистинска насока, бидејќи претседателот Флорентино Перез сака да му понуди само едногодишен договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Рамос има алтернативни решенија доколку не се договори со Перез за нов договор. Неколку европски гиганти веќе покажаа интерес за дефанзивецот, но има шанса тој да се пресели кај Дејвид Бекам во неговата екипа Интер Мајами.
„АС“ пишува дека Рамос во Америка би имал големи маркетинг можности и му се допаѓа идејата да заигра во САД. Рамос слободното време го минува во Мајами, а посебно му се допаѓа тоа што неговите деца ќе може да добијат поквалитетно образование.