Дома Фудбал Серхио Рамос има порака за Перез и Зидан – Овде нема да дојде!

Серхио Рамос има порака за Перез и Зидан – Овде нема да дојде!

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид има важна порака за Флорентино Перез и Зинедин Зидан во врска со заслуањето кое Реал сака да го доведе ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Овде нема да дојде“, е ставот на Рамос за Леонардо Бонучи, дефанзивецот на Јувентус кој е голема желба на претседателот и тренерот на Реал.

Имено, Рамос, командантот на екипата и одбраната како свој партнер во стоперскиот тандем го гледа само Рафаел Варан, младиот француски стопер.

„Diario Gol“ пишува дека Перез е подготвен да испрати понуда до Јувентус, но потоа следуваше реакцијата на Рамос, кој смета дека младиот играч мора да добие повеќе простор во Реал Мадрид, и дека купување на играч што има повеќе од 30 години е промашена инвестиција.

Рамос се согласува со купување на Хесус Валехо и Давинсон Санчез, кој исто така се на трансфер листата, а додаде став дека на Реал не му требаат ветерани, туку идни ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…