Реал Мадрид ова лето ќе прави реконструкција на тимот, многу нови ѕвезди ќе пристигнат, но некои и ќе заминат од „Сантиаго Бернабеу“.
Пари Сент Жермен со супер понуда го стави на искушение капитенот на Реал, Серхио Рамос кој може посе повеќе од една деценија да го напушти клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тренерот Зидан и претседателот Перез го сметаат Рамос за „недопирлив“, но во вакви случаеви готово секогаш пресудна е желбата на фудбалерот.
Во Париз бараат замена за 35-годишниот Тиаго Силва кој може ова лето да го напушти „Паркот на Принцовите“ и да се пресели во Кина.
Богатите сопственици на ПСЖ ќе направат се за да го убедат Рамос да го напушти Реал и да се пресели во Париз.
Француските медиуми тврдат дека „светците“ му нудат на Шпанецот 20 милиони евра по сезона.
Тоа е двојно повеќе од тоа што го заработува на „Сантиаго Бернабеу“, па сигурно ваква понуда ќе го натера на размислување.