Дома Фудбал Серхио Рамос го напушта европскиот фудбал и прави изненадувачки трансфер?

Серхио Рамос го напушта европскиот фудбал и прави изненадувачки трансфер?

Серхио Рамос, ветеранот на Севиља и легенда на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од Андалузија, но најверојатно и европскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на американските медиуми, 38-годишниот стопер кариерата ќе ја продолжи во МЛС.

Понудата од САД не е единствената што ја има Рамос, туку му е поинтересна од опциите од Саудиска Арабија или остатокот од светот.

Атлетик пишува дека доколку ја прифати понудата од ФК Сан Диего, Рамос ќе стане еден од најплатените играчи на клубот кој од следната година ќе биде дел од МЛС лигата.

Во својата камбек сезона во Севиља, клубот во кој ја започна својата кариера пред да стане легенда на Реал и играч на ПСЖ, Рамос одигра вкупно 34 натпревари.

Тој постигна седум гола и и помогна на Севиља да го задржи прволигашкиот статус. Тој има договор до крајот на јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хакими жали за ремито со Бразил – смета дека испуштиле победа против фаворитот!

Капитенот на Мароко Ашраф Хакими изјави дека натпреварот против Бразил не беше лесен, но д…