Дома Фудбал Серхио Рамос вечерва ќе ја објави својата одлука

Серхио Рамос вечерва ќе ја објави својата одлука

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос денес ќе објави дека сака да остане во „кралскиот“ клуб, пренесува „La Sexta“.

За денес е закажана пресконференција на која Серхио Рамос ќе ги открие плановите за својата иднина.

Неговиот договор истекува на лето и веќе неколку месеци се шпекулира со заминување од Реал Мадрид.

Имаше информации дека Реал му нуди помала плата од актуелната и дека Рамос сака да си оди, но медиумот тврди дека неговата одлука е да истане на „Сантиаго Бернабеу“.

Изгледа дека двете страни нашле заеднички јазик за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…