Дома Фудбал „Серија А“ ќе добива двојно повеќе пари за ТВ правата

„Серија А“ ќе добива двојно повеќе пари за ТВ правата

Италијанската фудбалска лига ги продаде меѓународните фудбалски права на IMG за сума од 371 милиони евра по сезона, што е скоро двојно повеќе од претходната зделка.

Договорот ги опфаќа следните три сезони од Серија А и завршува во 2021 година. Претходниот договор му носеше годишно 190 милиони евра на италијанскиот фудбал.

Со новиот договор Серија А избива на третото место во Европа според ТВ правата, после Премиер лигата (1,3 милијарди евра) и Шпанската лига (636 милиони евра).

На четвртото место според Тв правата е Бундес лигата која годишно добива по 240 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јајсле го предупреди Њукасл: Палас е ранет и ќе бара одговор

Двете екипи бараат излез од резултатската криза, а Њукасл на „Селхурст парк“ би можел да б…