Фудбалската легенда на Рома, Франческо Тоти, сепак нема да стави крај на кариерата по завршувањето на сезоната, пренесува „Газета дело Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанскиот весник наведува дека Тоти ќе ја заврши оваа сезона како играч на Рома, а потоа ќе се пресели во Мајами, каде ќе ја одигра последната година во кариерата.
Според информациите од Италија, тој и покрај најавите дека по повеќе од две децении активна кариера, ќе замине в пензија, решил да го прифати повикот на косопственикот на Мајами, Паоло Малдини и тренерот Алесандро Неста.
Франческо досега има одиграно 784 натпревари за Рома, постигнал 307 голови и забележал 123 асистенции. Неколку пати во кариерата ги одбивал најмоќните европски клубови, кои му нуделе многу подобри финансиски услови.
Повеќе настапи во Серија А од Тоти (615) имаат само Џиџи Буфон (616) и Паоло Малдини (647), а само легендата на Лацио, Стефано Пијола, има постигнато повеќе голови во националниот шампионат од Тоти (274/250).
Со Рома има една титула во Серија А (2001) и по две во Купот на Италија и Суперкупот.
Со италијанската репрезентација ја освои титулата светски првак во 2006 година, а набргу по победата во Германија се повлече од репрезентацијата.