Вториот носител и петкратен освојувач на УС Опен Швајцарецот Роџер Федерер го заврши натпреварувањето на овој турнир откако во осминафиналето беше елиминиран од Австралиецот Џон Милман.
Австралиецот, во моментот 55-ти тенисер на светот, славеше по три часа и 34 минути игра со 3-6, 7-5, 7-6(7), 7-6(3).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милман, кому најдобар ранкинг во кариерата му е 49-то место на АТП листата, досега нема освоено титула, а за влез во полуфиналето ќе се бори против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„Имав многу проблеми поради условите. Беше многу топло и влажно. Јас буквално немав доволно воздух. Ова прв пат ми се случува. Беше многу непријатно, губев енергија. Противникот успеа да се справи со таквите услови. Можеби затоа што е од едно од највлажните места во светот (се смешка). Јас сум вознемирен, но во одреден момент бев среќен што заврши мечот“, рече Федерер.