Дома Фудбал Стигна и првата оставка во Србија по неуспехот на ЕП!

Стигна и првата оставка во Србија по неуспехот на ЕП!

Потпретседателот на ФСС Бранислав Недимовиќ е првиот кој поднесе оставка по неуспехот кој го имаше репрезентацијата на Европското првенство.

Недимовиќ го напушта тоа место по разочарувачкиот настап на Србија на првенството на кое Србија заврши како последна во група со Англија, Данска и Словенија.

Функцијата ја извршуваше од март 2023 година, кога беше изгласан на првата седница на новиот Извршен одбор во ерата на претседателствувањето на Драган Џајиќ.

Претходно се најавуваше како кандидат за претседател на ФСС, но по кандидатурата на Немања Видиќ во трката влезе и Џајиќ.

Ова е веројатно само почеток на промените кои ќе следат во репрезентацијата на Србија по разочарувањето кое им се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватска загуби на „Вембли“, но Батурина ги доби своите битки

Мартин Батурина се издвои со 12 добиени дуели и шест успешни дриблинзи во поразот на Хрват…