Дома Останати Сензација е мал збор: Рони O’Саливен изгуби од аматер! (ВИДЕО)

Сензација е мал збор: Рони O’Саливен изгуби од аматер! (ВИДЕО)

Се случи едно од најголемите изненадувања во историјата на снукерот!

„Круибил Театарот“ денес сведочеше на огромна сезација! Имено, Џејмс Кејхил играч за кого веројатно не слушнале ни оние кои посериозно го следат овој спорт во 1-то коло го победи според многумина најдобриот играч на сите времиња на оваа игра Рони О’Саливен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот аматер кој се пласираше на Светското првенство славеше со резултат 10:8, а почетокот на мечот не најавуваше ваков крај.

Навистина, се мачеше Рони и на почетокот, го изгуби првиот фрејм, но потоа имаше водство до 4:3. Но, младиот Кејхил ги доби последните два фрејма од првата сесија и на одмор замина со минимална предност од 5:4.

Првиот фрејм од втората серија го доби Рони и изгледаше дека тогаш сепак ќе фати ритам и ќе ја оправда улогата на фаворит. Сепак, во наредните три славеше Кејхил и на паузата од петнаесет минути замина со предност од три фрејма (8:5).

Потоа Рони ги освои наредните три фрејма за 8:8, првата прилика да поведе со 9:8 ја имаше Кејхил, но погреши со една лесна црвна топка, па Саливен доби прилика да поведе.

Ја исчисти Рони масата се до розевата топка и тогаш направи несфатлива грешка, Кејхил ја искористи дојде до меч топка и победи со конечни 10:8.

Така младиот Кејхил го направи она што пред почетокот на мечот изгледаше невозможно. Рони играше одлична сезона, освои пет турнири и играше две финалиња во текот на годината изгуби само од четворица играчи и во Шефилд беше најголем фаворит покрај Џуд Трамп.

https://youtu.be/0rGQS98IgGE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…