Руската натпреварувачка Алина Загитова освои златен медал во Пјонгчанг и така на својата земја и го донесе првиот златен медал на игрите во Јужна Кореа.
Загитова која има само 15 години, до златото стигна со освоени 239.57 бодови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Бев возбудена, но моето тело го правеше она што го тренирав. Не можам да да верувам дека сум олимписка шампионка. Постојат многу титули кои можат да се освојат, но олимписката е најголема“, изјави Загитова.
Среброто во оваа дисциплина замина во рацете на нејзината сонародничка, Евгенија Медведова, која натпреварувањето го заврши со 238 освоени бодови. Канажангата Кетлин Озмонд собра 231.26 бодови што и беше доволно за бронза.